петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 196
home Фудбал

Уапсен шефот на Монако

Уапсен шефот на Монако

Шефот на Монако, Дмитриј Риболовљев, беше уапсен вчера, објави „Ле Монд“.

Домот на рускиот милијардер бил претресен од полицијата, објави медиумот.

Риболовљев е осомничен за корупција, а наредбата за притвор на милјардерот била издадена од судија од Монако.

Риболовљев беше вмешан во аферата со швајцарски трговец на слики, а тогаш беа пресретнати повеќе СМС-и меѓу него и неговото опкружување од една страна и влијателни полициски службеници во Кнежевството.

Тогашниот министер за правда во Монако, Филип Нармино поднесе оставка поради скандалот.

МИА

Коронавирус