понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Уапсен германски фудбалер – се терети за тешки дела

Уапсен германски фудбалер – се терети за тешки дела

Германскиот фудбалер со курдско потекло, Дениз Наки е уапсен во Ахен со обвинение дека бил шеф на група за организиран криминал и трговија со дрога, но и поврзаност со курдската терористичка организација ПКК, јавува „Ди велт“.

Обвинителот во Ахен потврдил дека две лица се уапсени за воспоставување на криминална организација за трговија со дрога, а средствата потоа биле префрлувани на ПКК.

Наки, кој е роден во Германија претходно играше за Санкт Паули и Падерборн во Германија, но и за турскиот Ахмед САЦ, но во Турција беше осуден на три години затвор поради поддршка на курдскиот сепаратизам и доби доживотна забрана за играње во Турција.

Коронавирус