сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Турската легенда три дена водел животна битка: Стана сив, не може да дише, не јаде, не зборува…

Турската легенда три дена водел животна битка: Стана сив, не може да дише, не јаде, не зборува…

Легендарниот турски голман Рушту Реџбер, кој заболе од новиот коронавирус се наоѓа во исклучително тешка состојба, а неговата сопруга Исил, од која чуварот на мрежата го префатил вирусот објави каква е состојбата на бившиот голман на Барселона, Бешикташ и Фенербахче.

Исил за „Фанатик“ опишала во каква состојба бил Рушту, посебно во изминативе 72 часа кои биле и најтешки и најкритични, но сега се надева дека состојбата ќе се подобри и се надева дека кризниот период е надминат.

„Последните 72 часа беа најтешки, па се надевам дека сега ќе оди на подобро. Им благодарам на сите кои се со нас, ова е битка на човечкиот организам со нешто во телото кое не го познава. Најбитно е брзо да се открие состојбата, зашто овој вирус не се задржува во носот и грлото, туку директно се вгнездува во белите дробови. Првите 72 часа се најкритични, а Рушту со денови имаше треска. Некои чудни симптоми кои порано не ги имал, сега ги почувствува и ги виде. Имаше неверојатна слабост, не јадеше, уморен е постојано, нема апетит за ништо. Дури не ни зборува. На крајот и целата кожа му стана сива. Дишеше брзо, ама и тоа му беше тешко. Кашла без прекин, пулсот му беше неправилен….“, објасни сопругата на фудбалерот.

Таа го заразила легендарниот голман, откако го закачила Ковид-19 во САД и потоа не се придржувала на строгите мерки за самоизолација. Голманот е на болничко лекување и ставен под постојан надзор на медицинските лица.

Коронавирус