вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 167
home Фудбал

Туре потпиша за Олимпијакос

Туре потпиша за Олимпијакос

По 12 години, фудбалерот од средниот ред Јаја Туре се врати во Олимпијакос. Неговиот договор со Манчестер Сити истече ова лето и тој одлучи да продолжи во Грција.

Туре имаше примамливи понуди од Вест Хем, како и од тимови од САД и Кина.

– Чест ми е што се враќам во Олимпијакос. Кога си заминував од тука кажав дек аеден ден ќе се вратам и го одржав ветувањето. Сакам трофеи со Олимпијакос, изјави Туре.

35-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска, во својата кариера има играно и за Беверен, Мателург Доњецк, Монако, Барселона и Манчестер Сити.

Коронавирус