сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Турција може да стане најлошата репрезентација во историјата на ЕП

Турција може да стане најлошата репрезентација во историјата на ЕП

Турската репрезентација на првите два меча на ЕВРО 2020 загуби од Италијанците (0:3) и Швајцарците (0:2). Денес, тимот на Ченол Гунеш може да стане 12-та репрезентација која претрпе три порази во групната фаза на Европското првенство, и четвртата, која не успеала да постигне гол.

Претходно, Турците не постигнаа погодок во 1996 година, Данците во 2000 година и Украинците во 2016 година.

Со најлош биланс, гол-разлика минус 8 на еврошампионатите се: Југославија (1984), Данска (2000), Бугарија ите (2004) и Ирска (2012).

Натпреварот Швајцарија – Турција ќе се одигра во Баку со почеток во 18 часот. Во исто време е и другиот дуел од 3.коло во А-групата на кој се среќаваат Италија и Велс (во Рим).

Коронавирус