недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Фудбал

Тухел: Секогаш е тешко да се игра против екипи кои ги предводи Клоп

Тухел: Секогаш е тешко да се игра против екипи кои ги предводи Клоп

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел очекува тежок дуел против Ливерпул во дербито на првата рунда од фудбалската Лига на шампиони.

– Никогаш не е лесно да се игра против екипи кои ги предводи Јирген Клоп. Посебно ако тоа се однесува за натпревар на „Енфилд“ каде навивачите му даваат безрезервна поддршка на својот миленик. Сепак, јас верувам во моите играчи. Ако на терен го спроведеме договореното можеме да дојдеме до поволен резултат, изјави Тухел.

Натпреварот Ливерпул- Пари Сен Жермен почнува во 21 часот.

Во Ц-групата уште играат Наполи и Црвена ѕвезда.

Коронавирус