недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 67
home Фудбал

Тухел: Лукаку е психички заморен

Тухел: Лукаку е психички заморен

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, објасни што се крие зад едномесечната криза во која западна неговиот прв напаѓач и стрелец Ромелу Лукаку.

Последниот гол во дресот на актуелниот европски првак Лукаку го постигна на 14 септември против Зенит во Лигата на шампиони, по што одигра шест натпревари без постигнат гол во дресот на Челзи, а притоа постигна еден за Белгија во Лигата на нации.

-Мислам дека Ромелу последните месеци играше исклучително голем број натпревари. Дел од нив со клубот, дел со репрезентацијата. Знам дека многу сериозно пристапува кон секој натпревар и поради тоа се замори. Но, повеќе психички, отколку физички, изјави Тухел за 28-годипниот напаѓач, кој пред стартот на оваа сезона дојде од Интер во Челзи.

Лукаку досега сезонава има постигнато три голови, а Челзи и покрај тоа што Белгиецот не блеска во нападот е првопласиран на табелата со бод повеќе од Ливерпу, а два од бранителот на титулата Манчестер сити.  (МИА)

Коронавирус