среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 132
home Фудбал

Тухел е пред заминување од ПСЖ, изненадувачки фаворит за неговото место

Тухел е пред заминување од ПСЖ, изненадувачки фаворит за неговото место

Веројатно е дека Пари Сен Жермен наскоро ќе добие нов тренер и тоа ќе биде Тиаго Мота, пренесува ексклузивно „РМЦ Спорт“.

Актуелниот тренер Томас Тухел е во конфликт со спортскиот директор Леонардо и нема да биде изненадување ако ги тера последните денови со шампионите.

Германецот ја критикуваше трансферната политика на клубот ова лето и поточно фактот дека не беа земени доволно нови играчи.

Кандидатурата на 38-годишниот Мота е изненадувачка во однос на неговото скромно искуство како тренер. Италијанецот помина една сезона на кормилото на јуниорите на ПСЖ, а потоа ја предводеше машката екипа на Џенова минатата есен, но остана таму само два месеци откако забележа само две победи од десет натпревари.

Коронавирус