сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Фудбал

Тухел: Челзи ќе се бори за сите титули следната сезона

Тухел: Челзи ќе се бори за сите титули следната сезона

Тренерот на Челзи, Томас Тухел е уверен дека следната сезона „сините“ ќе можат да се борат за трофејот во сите натпреварувања на кои ќе учествуваат.

– Понекогаш е корисно да се процени реалноста и да се биде подготвен да се затвори јазот што е можно побрзо. Можеме ли да ја намалиме разликата со Манчестер сити оваа сезона? Не, тоа е невозможно. Но, следната сезона, кога пак ќе почнеме од нула, ќе имаме шанса. Сити имаше проблеми оваа сезона, но никој не го искористи тоа. Во спортот, можете брзо да стигнете до врвот и да започнете да растете ако го фатите моментот.

Сега Челзи се бори да биде помеѓу четирите најдобри, што беше голем предизвик кога започнавме. Од следната сезона дефинитивно ќе се бориме за сите титули во сите натпреварувања, уверува Тухел.

Во моментов Челзи со 44 бода од 26 натпревари се наоѓа на 5. место во Премиер лигата. з

Коронавирус