среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 48
home Фудбал

Тројца тренери се поврзуваат со Барселона, но еден е голем фаворит

Тројца тренери се поврзуваат со Барселона, но еден е голем фаворит

Се помалку се верува дека Роналд Куман ќе ја заврши сезоната во Барселона, се шпекулира дека не е далеку денот кога ќе добие отказ.

По ремито со Гранада на Камп Ноу се зголемија шпекулациите за тренерска смена во Барселона.

Шпанските медиуми веднаш почнаа да ги поврзуваат слободните тренери со Барселона.

Според нив има тројца кандидати, Антонио Конте, Чави и Андреа Пирло.

Андреа Пирло речиси и да нема шанси, дури е и неверојатно како е поврзуван со Барселона по лошото искуство во Јувентус.

Антонио Конте е врвен тренер, но проблем е неговиот стил на игра кој не е онаков каков што би сакале навивачите на Барселона. Италијанецот игра премногу дефанзивно за да биде тренер на Каталонците.

Како најголем фаворит се споменува Чави. Со самото доаѓање на Лапорта се веруваше дека Чави ќе го преземе кормилото на Барселона, можеби тоа наскоро и ќе се оствари.

Локални избори 2021