петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 164
home Фудбал

Тројца ќе добијат голема казна: Откриено кој е главниот виновник за „војната“ во Наполи

Тројца ќе добијат голема казна: Откриено кој е главниот виновник за „војната“ во Наполи

Прашање е како екипата на Наполи ќе го дочека саботниот дуел против Џенова со оглед на хаотичната состојба во клубот од јужна Италија.

Се започна претходниот викенд кога сопственикот Аурелио Де Лаурентис по поразот од Рома со 2-1 ги испрати играчите во седумдневен карантин.

По нерешениот резултат против Салцбург (1-1) во Лигата на шампионите, фудбалерите се побунија, па си заминаа дома, непочитувајќи ја наредбата на сопственикот.

Денешниот тренинг во Наполи беше прв од почетокот на „немирите“ на кои навивачите можеа да присуствуваат, само оние со сезонски билети. Тренингот, сепак, бил затворен за медиумите.

Во меѓувреме, медиумите на Апенините откриваат дека лидер во оваа „војна“ е Алан и дека тој имал клучна улога за него и неговите соиграчи да се вратат дома.

Покрај Алан, кој ќе се најде на трансфер-листата, цехот ќе го платата уште двајца фудбалери, Дрис Мертенс и Хозе Каљехон, на кои им истекуваат договорите на крајот на сезоната и истите нема да им бидат продолжени.

Наводно, и Лоренцо Инсиње би можел да остане без капитенската лента, додека столчето се тресе и за тренерот Карло Анчелоти, кој го поддржа тимот.