петок, 7. мај 2021. Вести денес: 85
home Фудбал

Трофејот во Лига Европа може да го задржи Венгер во Арсенал

Трофејот во Лига Европа може да го задржи Венгер во Арсенал

Фудбалерот на Арсенал, Александар Лаказет, смета дека освојувањето на трофејот во Лига Европа ќе ги засени лошите резултати на нивниот клуб во Премиер лигата, а тренерот Арсен Венгер ќе ја задржи својата работа.

По разочарувачката сезона во англиското првенство се поизвесно станува заминувањето на Венгер од Арсенал, а единствена реална можност тој да остане на „Емирати“ е да ја освојат Лига Европа.

– Тоа би можело да биде начин да остане, бидејќи тој направи многу за клубот. Титулата во Лига Европа (ЛЕ) ќе го спаси нашиот клуб затоа што во Премиер лигата не играме добро. Што се однесува до ЛЕ навистина би сакал да стигнеме до финалето во Лион, а јас ќе имам можност да играм пред моето семејство и пријателите. Но, не само тоа, туку сакам Арсенал да освојува трофеи, истакна Лаказет.

Арсенал во полуфиналната фаза ќе игра против Атлетико од Мадрид, а првиот натпревар се игра на 26 април во Лондон.

МИА

Коронавирус