вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 140
home Фудбал

Трио на Јунајтед ги обнови тренинзите

Трио на Јунајтед ги обнови тренинзите

Лук Шо, Аксел Туанзебе и Немања Матиќ се вратија на тренинг процесот на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми. Тројцата се опоравени од различни повреди добиени во различни периоди.

Левиот бек Шо немаше играно за „црвените ѓаволи“ од август при поразот на домашен терен од Кристал Палас 1:2.

Дефанзивецот Туанзебе беше повреден за време на загревањето пред дербито помеѓу Јунајтед и Ливерпул во октомври, што заврши нерешено 1-1.

Играчот од средниот ред Матиќ не зел учество во натпревар од 3 октомври, кога Јунајтед одигра нерешено 0-0 со АЗ Алкмар во групната фаза на Лигата на Европа.