вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 76
home Фудбал

Тринаесет фудбалери на португалскиот прволигаш заразени со омикрон сојот на коронавирус

Тринаесет фудбалери на португалскиот прволигаш заразени со омикрон сојот на коронавирус

Португалските здравствени власти објавија денеска дека кај 13 фудбалери и членови на клупскиот персонал на прволигашот Белененсес е откриен омикрон сојот на коронавирус и тоа откако еден од нив се вратил од Јужна Африка.

Омикрон сојот, како што е соопштено, бил откриен по првенствениот натпревар во Лисабон меѓу Белененсес и Бенфика во саботата. Белененсес натпреварот го почна со девет фудбалери, а остатокот од екипата беше во изолација. По полувремето на теренот излегоа само седуммина фудбалери на домашната екипа и натпреварот по само две минути во вториот дел беше прекинат при водство на Бенфика од 7:0.

– Сите сме во изолација, освен младинската екипа, која немаше настап во саботата. Вкупно 44 луѓе се во изолација. Полесни симптоми имаат двајца или тројца фудбалери и исто толку членови на клупскиот персонал. Сега чекаме повторување на тестовите штом тоа ќе го одобрат здравствените власти, изјави портпаролот на Белененсес.

Коронавирус