петок, 19. јули 2019. Вести денес: 133
home Фудбал

Тричковски се повреди, неизвесен за претстојните натпревари со Лихтенштајн и Ерменија

Тричковски се повреди, неизвесен за претстојните натпревари со Лихтенштајн и Ерменија

Иван Тричковски се здоби со повреда за време на вчерашниот дуел меѓу неговиот АЕК Ларнака и Ермис од кипарското првенство. Тој има истегнување на адукторот, поради што беше заменет во 60. минута.

– Тричковски е неизвесен за репрезентативниот собир. Денеска и утре ќе има испитувања, а потоа селекторот на Македонија, Игор Ангеловски ќе добие потврда дали ќе биде во можност да му се приклучи на националниот тим, информираат од ФФМ.

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започнува подготовките за претстојните два натпревари во Лига на нации, против Лихтенштајн на 13 октомври на Националната арена „Филип Втори“’ во Скопје и со Ерменија на гостински терен во Ереван на 16 октомври.

Првиот тренинг на репрезентацијата на Македонија е закажан вечер во 19 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.