сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 53
home Фудбал

Три столчиња покрај него на Мундијалот секогаш се празни: Трагичната приказна на навивачот со 4 влезници ќе ви го скрши срцето

Три столчиња покрај него на Мундијалот секогаш се празни: Трагичната приказна на навивачот со 4 влезници ќе ви го скрши срцето

Гилберто Мартинез од Мексико има по 4 карти за Мундијалот, но на натпреварите оди сам, а сепак ги носи и останатите влезници.

Зошто? Зад тоа прашање се крие приказна која го крши срцето!

Тој пред почетокот на Мундијалот, на кој планирал да оди со сопругата Вероника и децата Миа и Диего, ја посетил Флорида. Биле кај роднини. И тогаш се случил страшниот 28 април. Во нивниот автомобил удрило возило кое Гилберт за еден момент го оставило без семејство.

Вероника (42), Миа (6) и Диего (8) загинале.

Целосно скршен од трагедијата, добил совет од психологот кој го послушал. Отишол на Мундијалот со сите четири влезници. Влезниците биле покрај него кога Мексико ја порази Германија, а мексиканскиот голман Очоа по победата му испрати срцепарателна порака.

-Ова беше за твоето семејство, напиша тој.

Влезницата на Диего беше на трибините и за време на дуелот Бразил – Костарика. Малиот Диего сакаше да го види во живо својот идол, Нејмар.

Коронавирус