четврток, 5. август 2021. Вести денес: 97
home Фудбал

Три работи кои до синоќа не се случиле никогаш на едно ЕУРО

Три работи кои до синоќа не се случиле никогаш на едно ЕУРО

Италијанската репрезентација го отвори Европското првенство со убедлива победа над Турција од 3:0. Со таквиот исход срушени се неколку рекорди на италијанската репрезентација, но и Европското првенство.

За Италија ова беше 39-ти натпревар во историјата на ЕУРО, а само прв пат успеваат на еден натпревар да постигнат три гола. Еден, сепак, беше автогол на Демирел, но на крајот се брои на контото на Италијанците.

Овие 3:0 воедно беа и најубедливата победа во историјата на отворањето на Европско првенство. Никогаш претходно на првиот натпревар од ова натпреварување не победил со повеќе од два гола разлика.

На крајот, споменатиот и несреќен Демирел е првиот фудбалер во историјата кој постигна автогол на првиот натпревар на Европското првенство.

Од друга страна, Турците ја продолжија својата незгодна традиција. Годинешното ЕУРО им е седмо големо натпреварување, а буквално секој прв натпревар го загубиле. Ниту една друга репрезентација со повеќе од три настапи на големите натпреварувања не ги загубила сите први натпревари на турнирите.

Коронавирус