среда, 14. април 2021. Вести денес: 31
home Фудбал

Тренерот на Рен поднесе оставка: Беше најуспешен, но не и оваа сезона

Тренерот на Рен поднесе оставка: Беше најуспешен, но не и оваа сезона

Еден од најуспешните тренери во историја на францускиот прволигаш Рен, Жулиен Стефан, поднесе денеска оставка на должноста по серијата лоши резултати во актуелната сезона.

По одличниот старт во француското првенство, Рен освои само два бода во последните шест натпревари и се спушти на деветтото место на табелата по поразот од Ница во петокот.

Рен од почетокот на 2021 година има само една победа, а клубот како привремено решение на клупата го назначи Филип Бизел, досегашниот помошник на Стефан.

Рен под водство на Стефан го освои францускиот куп во 2019 година, совладувајќи го во финалето Пари Сен-Жермен, а минатата сезона за прв пат во клупската историја настапуваше во групната фаза во Лигата на шампиони. (МИА)

Коронавирус