понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 10
home Фудбал

Тренерот на ПСЖ одлучи: Буфон ќе биде резерва, неговата работа е друга

Тренерот на ПСЖ одлучи: Буфон ќе биде резерва, неговата работа е друга

Кога Џанлуиџи Буфон реши да го напушти Јувентус многумина мислеа дека ќе замине во пензија или пак можеби ќе се врати во Парма. Сепак, тој одлучи да оди во ПСЖ. Таму бранеше на првите два меча во лигата, а на наредните два меѓу стативите беше младиот Алфонс Ареола.

Во еден момент тренерот на Светците, Томас Тухел, ќе мора да одлучи кој од нив двајца ќе го одбере како прв голман, а иако одлуката не е дефинитивна, Германецот во интервју за „РМЦ Спорт“ кажа дека Ареола има предност.

-Да, одбрав. Одлуката не е дефинитивна, но му кажав на Алфонс дека по мое мислење е во пол- позиција да биде прв голман на Париз Сен Жермен, кажа Тухел.

Тухел потоа продолжи да изнесува според него факти во корист на францускиот голман.

-Тој доаѓа од младите категории на нашиот клуб. ПСЖ е се за него и тој апсолутно сака да се докаже во својот клуб. Тоа е работа на која можеме доста да добиеме. Мораме да бидеме горди на играчи од неговата природа, потребни ни се играчи кои имаат душа на ПСЖ, кажа Тухел.

После се кажано, следеше логично прашање: А, што ќе биде со Буфон?

-Со него ситуацијата е различна. Тој е легенда, идол на Алфонс кој е на негова страна. Тоа се два голмани со силен карактер. Џиџи тоа го знае, Ареола тоа го знае: Ако можеме во оваа конфигурација и ако бидеме паметни со двајцата, сигурен сум дека ќе направиме добра работа. Сигурен сум дека Ареола нема да биде добар покрај Џиџи, туку благодарејќи Џиџи, заклучува Тухел.

Тухел понатаму на објаснува и понатамошната улога на Буфон.

-Тој не е играч на клупата. Тој е играч кој има огромно влијание на екипата секој ден. Бранеше одлично против Генгамп на пример. Од друга страна тој е на клупата бидејќи Ареола мора да има минути во игра. Може само да ги прекрсти рацете и да ужива во мечот. Но, тој не го прави тоа, туку комуницира со играчите, се обидува да помогне. И потоа разбирате зошто е голем и зошто има таква кариера, вели тренерот на ПСЖ.

Коронавирус