среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 178
home Фудбал

Тренерот на Милан заразен со коронавирус

Тренерот на Милан заразен со коронавирус

Калчолигашот Милан соопшти дека е одложен тренингот на екипата откако тренерот Стефано Пиоли е заразен со коронавирусот.

Информациите од таборот на „Росонерите“ се дека Пиоли нема симптоми, а веднаш бил ставен во изолација. Биле известени здравствените власти, а денешниот тренинг на екипата бил одложен.

Сите останати играчи кои се во клубот, а немаат репрезентативни обврски имаат негативни тестови.

По репрезентативната пауза Милан го чека дуел со Наполи на 22. ноември, а се очекува од понеделник Милан повторно да започнат со тренинзи.

„Црвено-црните“ од Милан се лидери на табелата во Серија А, а тренерот Пиоли работи одлична работа.

Освен дуелот со Наполи, постои можност Пиоли да не биде на клупата на Милан и на дуелот со Лил, во рамки на Лига Европа.

Коронавирус