Реал Мадрид ги продолжува своите обврски во Копа дел Реј, натпреварување во кое денеска стартуваат четвртфиналните возбудувања, а истите ќе продолжат и наредните два дена.
„Кралевите“ својот натпревар го играат утре на „Бутарке“ против Леганес, па од најавата за овој натпревар во Купот, тренерот на домашниот тим стана вирален хит со еден одговор.
Борха Хименез доби за задача да избере фаворит од трите големи ѕвезди кои настапуваат за Реал, или поточно од Мбапе, Винисиус и Белингам.
Во ситуацијата кога сите во прес-салата очекувале одговор на поставеното прашање, Борха издвоил едно име кое не било набројано, па со својот одговор јасно стави до знаење кого посебно цени од првиот тим на Карло Анчелоти.
– Модриќ, се важи и тој одговор нели…
A Borja Jiménez le preguntan por su jugador favorito del Real Madrid y responde sin dudarlo: Luka Modricpic.twitter.com/uPM7pQsIX5
— Madrid Sports (@MadridSports_) February 3, 2025