сабота, 15. август 2020. Вести денес: 50
home Фудбал

Тренерот на Атлетико Симоне со обраќање до Јан Облак

Тренерот на Атлетико Симоне со обраќање до Јан Облак

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, го изнесе својот став за интересот што Челзи го покажува за голманот на мадридскиот тим, Јан Облак.

– Не сум изненаден. Секоја година, на крајот на сезоната, нашите најдобри играчи паѓаат на радарите на врвните тимови. Ова е нормално, клубовите секогаш ги бараат најдобрите играчи, а ние ги имаме многу. Логично е дека Облак привлече интерес, но се надевам дека тој ќе продолжи да игра за Атлетико, затоа што тој е важен дел од нашиот тим, изјави Симеоне.

Во сезоната 2019/20, Облак бранеше на 46 натпревари за Атлетико и прими 35 голови. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на 27-годишниот Словенец на 80 милиони евра. (МИА)

Коронавирус