сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 36
Во живо

Протест во Скопје – „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Фудбал

Тренерот на Аталанта: Жал ми е за Мбапе, не посакуваме несреќа за другите

Тренерот на Аталанта: Жал ми е за Мбапе, не посакуваме несреќа за другите

Милан и Аталанта одиграа 1:1 во 36-тото коло од Серија „А“, а гостинскиот тренер Џанпјеро Гасперини се осврна и на повредата на Килијан Мбапе, ас на Пари Сен Жермен, со кого „божицата“ ќе игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

– Жал ми е, Мбапе, воопшто не знаев за повредата за време на натпреварот. Килијан е одличен човек, се надевам дека не е ништо сериозно. Не сакаме да победиме заради несреќа на друг тим. На крајот на краиштата, ако победите против вакви играчи, тогаш вашиот резултат вреди уште повеќе, рече Гасперини.

Да потсетиме, Аталанта и Париз Сен Жермен ќе се натпреваруваат во четвртфиналето од Лигата на шампионите во Лисабон.

Се игра еден натпревар поради целата ситуација со пандемијата на коронавирус.

Коронавирус