вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 82
home Фудбал

Тренерот на Англија: Не направивме доволно за да победиме

Тренерот на Англија: Не направивме доволно за да победиме

Тренерот на Англија, Герет Саутгејт го прокоментираше пораз од Чешка (1: 2) во квалификацискиот натпревар за ЕП 2020.

„Трите лава“ сепак остануваат на чело во групата „А“ и по вчерашниот пораз во Прага.

– Беше тешко. Не успеавме да победиме. Веројатно требаше да одиграме барем нерешено, но гол на крајот од дуелот се очекуваше по сите шанси кои не ги искористивме. Не настапивме доволно добро. Се обидовме да направиме измени. Второто полувреме го започнавме многу подобро. Имавме шанса да победиме, но премногу често ја губевме топката, рече Саутгејт по мечот.