сабота, 28. март 2020. Вести денес: 95
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Тренер сакаше да тепа еден од своите играчи, па доби црвен картон (ВИДЕО)

Тренер сакаше да тепа еден од своите играчи, па доби црвен картон (ВИДЕО)

Фудбалерот беше незадоволен што беше повлечен од игра и затоа доби „воспитна“.

Ламберто Магрини, тренерот на италијанскиот четвртолигаш Гросето, доби црвен картон затоа што удри еден од своите играчи. Инцидентот се случи на дуелот против Монтероси во Серија Д.

Стратегот на Гросето реши во 75-тата минута да го извади од игра Рикардо Кретела, а во игра го внесе Матија Раванели, кој е син на некогашниот прославен напаѓач на Јувентус, Фабрицио Раванели. Кретела, кој го напушти теренот, беше незадоволен што беше повлечен од игра и му дофрли нешто на тренерот.

Стратегот на Гросето го забележа тој потег на играчот и веднаш тргна да му даде „воспитна“. Магрини успеа еднаш да го удри играчот, а потоа се вмешаа останатите кои беа на клупата за резерви и ситуацијата се смири. Сепак, целиот инциндент не остана незабележан од судијата, кој одлучи да го исклучи тренерот поради непристојно однесување.

 

Извор: СпортМанија