петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 190
home Фудбал

Тренчовски продолжува во кувајтскиот шампион Ал-Араби

Тренчовски продолжува во кувајтскиот шампион Ал-Араби

Поранешниот стратег и еден од основачите на Академија Пандев, Југослав Тренчовски, ги напушти редовите на македонскиот фудбалски прволигаш и тренерската кариера ја продолжува во Кувајт.

Тренчовски, како што е соопштено, ја прифати поканата од шампионот на Кувајт, тимот на Ал-Араби, каде ќе продолжи како технички директор на младинската школа и тренер на Б-тимот.

– Академија Пандев ти се заблагодарува за сè што имаш направено за нашиот клуб, а како круна на твојата макотрпна работа беше и првиот клупски сениорски трофеј и излез во европските натпреварувања. Ти посакуваме многу успеси во првиот интернационален предизвик и во иднина твоето новостекнато фудбалско и организациско искуство да го пренесеш за развој на македонскиот фудбал“, соопшти струмичкиот прволигаш.

Локални избори 2021