понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 115
home Фудбал

Требаше да играат заедно во Барселона: Меси инсистира Агуеро да дојде во ПСЖ

Требаше да играат заедно во Барселона: Меси инсистира Агуеро да дојде во ПСЖ

Големата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, го повика раководството на клубот да направи размена со неговиот поранешен тим Барселона. Според „Ел Национал“, причина за тоа е неговото големо пријателство со Серхио Агуеро. Ти требаше оваа сезона да бидат соиграчи во Барселона, но откако Кун дојде на „Камп Ноу“, се случи неверојатен расплет дека Меси мора да замине од клубот.

Од друга страна, Меси не се согласува најдобро со сегашниот соиграч Мауро Икарди и за него би било идеален потег на раководството доколку го понуди на Барселона, а во размена го добие Серхио Агуеро.

Влијанието на Меси е огромно и кај раководството на ПСЖ и кај тренерот Маурисио Покетино, па ова делува како реална опција во зимскиот преоден рок или по завршувањето на сезоната.

Коронавирус