петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 84
home Фудбал

Трансферот на Сане во Баерн доведен во прашање

Трансферот на Сане во Баерн доведен во прашање

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Лерој Сане се соочува со повеќемесечна пауза од фудбалските терени. Тој има повреда на коленото и најверојатно ќе мора да оди на операција на лигаментот.

Ваквиот развој на настаните за Сане во неизвесност го доведува трансферот во Баерн Минехн.

Претходно беше објавено дека фудбалерот е близу да се пресели во германскиот клуб кој беше подготвен да плати 110 милиони евра.

Сане се повреди во мечот за англискиот Супер куп против Ливерпул.

23-годишниот Лерој Сане минатата сезона одигра 47 натпревари за Сити, постигна 16 голови и оствари 14 асистенции.