Фудбал

Трансферот на Коло Муани во Јувентус е блокиран

Трансферот на Коло Муани во Јувентус е блокиран

Коло Муани е вишок во ПСЖ. Тренерот Луис Енрике им порача на клупските челници да му бараат нов клуб.

Затоа го испратија на позајмица во Јувентус, кој по истекот на позајмицата ќе има право да го откупи договорот на Муани.

Муани слета во Торино, се сликаше на аеродромот, во клубот го чекаа да го потпише договорот. Но трансферот е блокиран.

Како што пишува новинарот Џанлука Ди Марцио, ПСЖ веќе има шест играчи на позајмица, што е максимално дозволено за еден клуб, според новите правила на ФИФА. .

To top