недела, 25. август 2019. Вести денес: 17
home Фудбал

„Трансферот на Елмас е историски, овие преговори беа исцрпувачки“

„Трансферот на Елмас е историски, овие преговори беа исцрпувачки“

Македонскиот бисер Елиф Елмас утре ќе ги има лекарските прегледи и ќе го потпише договорот со Наполи за следните пет години, со што ќе се официјализира рекордниот трансфер на еден македонски фудбалер, вреден 16 милиони евра.

Елмас после две години во Фенербахче, каде дојде за 180.000 евра од Работнички заминува од Истанбул во Наполи за 16 милиони евра трансфер, плус бонус на 50-от меч за наполитанците од 1,5 милиони евра и процент од следната продажба. Елмас вчера се збогува со соиграчите, а вечерва се очекува да пристигне во Италија и утре да ги има лекарските прегледи.

„Ова е историски трансфер! Ова беа толку исцрпувачки преговори, зашто имаше многу сопки. Многу големи имиња го оспоруваа момчето. Но, присуството на Карло Анчелоти беше пресудно“, вели Џорџи Гарди, менаџерот кој го заврши трансферот.

Заминувањето на Елмас во Наполи е клупски рекорден трансфер и рекорд на Македонија.