недела, 29. март 2020. Вести денес: 30
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Трансфер-бомба: Реал Мадрид на лето тргнува по потписот на Халанд

Трансфер-бомба: Реал Мадрид на лето тргнува по потписот на Халанд

Реал Мадрид сезонава не игра најдобро, па водат голема битка против Барселона за трофејот во Ла Лига. Шпанскиот гигант е свесен дека му се потребни промени во клубот, па затоа во следниот преоден рок ќе се обидат да донесат освежување во нападот.

„Кралевите“ се разочарани од Лука Јовиќ, кој го купија минатото лето за 60 милиони евра, па поради тоа ќе се обидат да го продадат или да го пратат на позајмица, а добиените средства ќе ги искористат за трансфер на младиот Ерлинг Халанд, кој блесна во дресот на Борусија Дортмунд.

Дортмунд го купи Халанд за 20 милиони евра, а само неколку месеци подоцна би можеле да го продадат за сума од 80 милиони евра.