недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 86
home Фудбал

Трансфер бомба: Погба сака назад во Торино- Јувентус собира пари за големото засилување

Трансфер бомба: Погба сака назад во Торино- Јувентус собира пари за големото засилување

Манчестер Јунајтед, Јувентус, Манчестер Јунајтерд… Јувентус. Така точно би можело да изгледа опосиот на клубови на францускиот репрезентативец, 25 годишниот Пол Погба откако професионално игра фудбал како сениор. Се ова би можело да се случи доколку некои работи се поклопат…

„Pogback“ одекнува меѓу фановите на Јувентус кои се надеваат на враќање на својот поранешен играч, ако се знае дека од 2012 до 2016 тој го носеше дресот на Старата дама.

Погба? Тоа е фантази фудбал, кажа генералниот менаџер на Јувентус, Бепе Марота.

Италијанските медиуми сметаат дека во Јувентус сериозно работат на враќањето на силниот играч, кој драстично би им го засилил средниот ред за следната сезона.

Сепак, тука има еден голем проблем, а тоа што Погба има годишна плата од 13 милиони евра во Манчестер Јунајтед, а Јувентус тешко дека може да си го дозволи тоа.

Најплатен играч на тимот од Торино е Гонзало Игуаин со 7,5 милиони евра годишно, па во Јувентус смислуваат како со помош на спонзори и можна продажба на Игуаин да соберат пари за Погба.

Покрај тоа, Манестер Јунајтед нема да го пушти својот играч за помалку од 100 милиони евра, што би било плус уште еден трошок за Јувентус.

Погба секако не би имал иста плата како во Англија, бидејќи разликата меѓу него и остатокот од соблекувалната би бил драстичен и тука улога би требало да одигра добро познатиот менаџер Мино Риаола.

Тој го доведе Погба во Јувентус во 2012 година за без пари, а потоа во 2016 за 105 милиони евра го продаде на Манчестер Јунајтед и сега две години подоцна сака својот пулен да го врати во Јувентус. Желбата на Погба за враќање, како што тврдат италијанските и англиски медиуми не се става под знак прашалник. Посебно после проблемите што ги има со Мурињо последниот период.

Инаку Погба за Јувентус има 124 натпревари, на кои постигна 28 голови.

Коронавирус