понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 143
home Фудбал

ТРАНСФЕР БОМБА: Кутињо во Барса за 160 милиони евра

ТРАНСФЕР БОМБА: Кутињо во Барса за 160 милиони евра

Повеќемесечната трансфер сага заврши со тажен крај за навивачите на Ливерпул.

Бразилскиот репрезентативец Филипе Кутињо и официјално е нов играч на Барселона.

Како што јавуваат британските и шпанските медиуми, клубот од „Енфилд“ ќе заработи 160 милиони евра од продажбата на својот најдобар фудбалер, од кои 120 со самиот трансфер, а 40 милиони евра распоредени преку неколку клаузули.

Кутињо ќе потпише договор со Барселона на четири и пол сезони, за плата од 14 милиони евра годишно, по минувањето на лекарските прегледи.

Со ова, Кутињо станува третиот најскап фудбалер во историјата, по транферите на Нејмар и Мбапе кои претходно потпишаа за ПСЖ.