среда, 2. декември 2020. Вести денес: 213
home Фудбал

Трајковски: Имав понуда од Милан, но на крајот потпишав за Мајорка

Трајковски: Имав понуда од Милан, но на крајот потпишав за Мајорка

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски откри дека имал понуда од Милан пред да се пресели во Шпанија, односно во екипата на Мајорка, каде што не се прослави многу бидејќи настапи само седум пати во Ла Лига.

Трајковски во интервју со популарниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио кажа дека имал понуда и од Милан, но и покрај тоа решил да се пресели во шпанскиот шампионат.

„Постоеше интерес од Милан, но тоа не беше доволно. Се надевав дека ќе се договориме, но работите не се одвиваа како што сакавме, по што се преселив во Мајорка. Имав и други понуди, но кога пристигна понудата од Мајорка, си реков да пробам да заиграм во Шпанија. Никогаш не се знае, можеби еден ден ќе се вратам во Италија“, кажа Трајковски.

Коронавирус