вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Трагична вест од Москва, почина млад фудбалер на Локомотив

Трагична вест од Москва, почина млад фудбалер на Локомотив

22-годишниот фудбалер на Локомотив Москва, Инокентиј Самохвалов е пронајден мртов во својот дом за време на карантин.

Фудбалерот на рускиот тим починал за време на индивидуален тренинг според клупската програма.

Се работи за млад одбрамбен фудбалер на Локомотив Москва кој оваа сезона играл и за Казанка, клуб кој се натпреварува во третата лига и важи за погон на Локомотив.

На фудбалерот ќе му биде извршен и тест за да се види дали можеби имал коронавирус, но се претпоставува дека се работи за срцев удар.

„Локомотива е шокирана од неговата смрт. Тој беше добра личност. Голема тага и најискрено сочувство до фамилијата и пријателите на Самохвалов“, стои во соопштението на Локомотив.

Локални избори 2021