недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 172
home Фудбал

ТРАГЕДИЈА: Млад фудбалски тренер почина, ја загуби битката против коронавирусот

ТРАГЕДИЈА: Млад фудбалски тренер почина, ја загуби битката против коронавирусот

Фудбалска Шпанија денеска тагува по најмладата жртва од коронавирусот во оваа земја, бидејќи станува збор за исклучително тажна вест која пристигна од Малага.

Клубот од Андалузија наречен Атлетико Портада Алта пренесе дека нивниот 21-годишен тренер на младинските категории ја загубил битката со смртоносниот вирус, иако само неколку часа претходно бил во стабилна состојба и комуницирал со своето семејство. Франсиско Гарсија веќе неколку дена се борел со вирусот, но за жал последните компликации биле кобни по неговиот живот откако претходно бил во групата на ризични граѓани.

Младиот Гарсија имал дијагностицирана леукемија која можела да се лечи, но коронавирусот направил огромни компликации и вчера вечерта била утврдена смртта која ја растажи фудбалска Шпанија, а најмногу неговите соработници во клубот.

– Сакаме да го искажеме нашето најискрено сочувство до фамилијата, пријателите и соработниците на нашиот тренер Франсиско Гарсија кој прерано не напушти. Што ќе правиме без тебе Франсис? Секогаш беше крај нас и ни помагаше. Како ќе продолжиме во првенството? Не знаеме како, но сигурно ќе го нарпавиме тоа за тебе. Нема да те заборавиме, почивај во мир феномену, – гласи објавата на малиот клуб од Малага.

Извор: ДЕРБИ

Коронавирус