понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 55
home Фудбал

Трагедија: Млад фудбалер загина при прошетка со сопругата, еден невнимателен чекор го чинеше живот

Трагедија: Млад фудбалер загина при прошетка со сопругата, еден невнимателен чекор го чинеше живот

Страшни вести доаѓааат од Јужна Америка, каде уругвајскиот фудбалер Макси Переира почина на 27-годишна возраст откако паднал при прошетка со сопругата.

Весникот „Ел Паис“ објави дека кобната случка била во реонот Минас, во близина на водопадите Салто дел Пенитенте. Макси шетал со сопругата, кога се лизнал и паднал во езерото. Веднаш почнала спасувачка акција, но спасувачите неколку часа не успевале да го најдат телото на фудбалерот.

Кога конечно го лоцирале, веќе било предоцна, а лекарите можеле само да констатираат смрт.

Макси Переира во кариерата има настапувано за уругвајските клубови Централ, Ливерпул, Расинг и Мирамар.

Коронавирус