четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 121
home Фудбал

Тоти откри до кога Буфон сака да игра

Тоти откри до кога Буфон сака да игра

Легендата на Рома, Франческо Тоти даде интересна изјава за неговиот поранешен соиграч во репрезентацијата на Италија, Џанлуиџи Буфон. Принцот од Рим е на мислење дека голманот на Јувентус нема намера наскоро да се откаже од фудбалот.

– Џиџи сака да игра на 50-годишна возраст. Мислам дека нема да биде проблем тој да остане на теренот најмалку уште две или три сезони, рече Тоти во интервјуто со уште едно големо име во италијанскиот фудбал, Фабио Канаваро.

Буфон во моментов има 42 години и се надева дека ќе го обнови договорот со „бјанконерите“ за уште една сезона. Неговата најголема мотивација е да ја освои Лигата на шампионите – трофејот што недостасува во неговата славна кариера.

Неодамна, во едно интервју, поранешниот дефанзивец на Јуве и составот на „азурите“, Андреа Барзали изјави дека му понудил на Буфон да се откаже од фудбалот и да стане тренер.

Коронавирус