четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем се засили со уште еден влезен трансфер

Тотенхем се засили со уште еден влезен трансфер

Тотенхем во последните месеци направи уште трансфер откако го ангажираше централниот бек на Свонси, Џо Роден. Спарс ќе плати 11 милиони фунти за 22-годишниот дефанзивец, а сумата може да се зголеми за нови 4 милиони во зависност од перформансите на Роден за лондонскиот клуб.

Роден, кој воодушеви со своите настапи за „Лебедите“ минатата сезона во Чемпионшип и избори место во репрезентацијата на Велс, потпиша договор до 2025 година со Тотенхем и ќе го носи бројот 14 на стадионот „Тотенхем“.

Ова е трето ново засилување во одбраната на „мамузите“, што го прави Жозе Мурињо на лето, по регрутирањето на Серхио Рехилон и Мет Доерти. По четири одиграни натпревари во Премиер лигата, „белите“ се шести во поредокот со две победи, реми и пораз. (МИА)

Коронавирус