четврток, 4. март 2021. Вести денес: 134
home Фудбал

Тотенхем подготвен да го врати Бејл во Реал

Тотенхем подготвен да го врати Бејл во Реал

Тотенхем нема да го продолжи договорот за наем на напаѓачот на Реал, Герет Бејл, пишува „Тајмс“.

Според британскиот весник, 31-годишниот играч не го импресионирал раководството на лондонскиот клуб со својот настап, па затоа се подготвени да го вратат напаѓачот во Реал.

Претходно беше објавено дека Велшанецот сака да добие уште една шанса во клубот од Мадрид и да го одработи договорот до крајот.

Во сезоната 2020/21, Бејл учествуваше на 12 натпревари, постигнувајќи три гола. Неговиот договор со Реал Мадрид трае до летото 2022 година.

Коронавирус