недела, 5. декември 2021. Вести денес: 54
home Фудбал

Тотенхем објави големи загуби предизвикани од пандемијата

Тотенхем објави големи загуби предизвикани од пандемијата

Фудбалските клубови ширум Европа продолжуваат да објавуваат загуби, кои ги предизвика пандемијата на коронавирус, особено во периодот кога натпреварите беа играни пред празни трибини.

Тотенхем, еден од најсилните и најстабилни клубови во Премиер лигата, официјално соопшти дека минатата 2020/21 сезона, кога натпреварите ги играше без присуство на публика, регистрирал загуба од дури 95 милиони евра.

Приходот, кој лондонскиот клуб го остварувал минатата сезона на самиот ден на одигрување на натпреварите изнесувал само 2.3 милиони евра, споредено со 123 милиони евра една сезона претходно.

Тотенхем обзнани дека вкупниот долг на клубот за само една година пораснал од 119 милиони евра на 839 милиони евра.

Коронавирус