Тотенхем и официјално објави дека 51-годишниот Томас Франк е новиот менаџер на клубот. Данецот потпиша договор до 2028 година, а со него од Брентфорд доаѓаат и двајца помошници и еден аналитичар.
Франк има големо искуство во англискиот фудбал. Во Брентфорд е од 2016 година и се смета за еден од најдолго активните менаџери во Премиер лигата.
Под негово водство, Брентфорд се искачи од Чемпионшип до стабилен премиерлигаш.
Тој доаѓа на местото на Постекоглу, кој доби отказ по разочарувачката сезона – 17. место во лигата и освоена Лига Европа.