четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Фудбал

Тотенхем и Манчестер Сити ќе си ги одмерат силите пред 8.000 гледачи 

Тотенхем и Манчестер Сити ќе си ги одмерат силите пред 8.000 гледачи 

Финалето на овогодишното издание на Карабао купот ќе се игра пред публика на трибините, соопшти денеска Англиската фудбалска федерација.

На финалниот натпревар меѓу екипите на Тотенхем и Манчестер Сити, на стадионот „Вембли“ на 25 април, ќе можат да присуствуваат 8.000 навивачи.

Претходно беше одлучено на полуфиналето од англискиот ФА куп, на 18 април меѓу екипите на Лестер и Саутемптон, да присуствуваат 4.000 луѓе, додека финалето што е на распоредот на 15 мај ќе можат од трибините да го гледаат 21.000 навивачи. (МИА)

Коронавирус