понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 29
home Фудбал

Тотенхем и Jунајтед ремизираа

Тотенхем и Jунајтед ремизираа

Во 30-то коло од Англиското фудбалско првенство Тотенхем на домашен терен синоќа одигра нерешено 1:1 со Манчестер јунајтед.

Избраниците на Жозе Мурињо поведоа преку Стивен Бергвин во 27. минута, а Бруно Фернандеш изедначи во 81. минута.

Во самиот финиш беше досуден удар од 11 метри за Манчестер, но по прегледување на снимката со помош на ВАР технологијата, пеналот беше поништен.

Тимовите останаа на оние места на табелата во Премиер лигата што ги имаа пред натпреварот, Манчестер јунајтед – петто, Тотенхем – осмо.

Коронавирус