вторник, 20. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем го проценува Кејн на 150 милиони фунти

Тотенхем го проценува Кејн на 150 милиони фунти

Премиерлигашот Тотенхем ја одреди цената за клубовите кои сакаат да го купат напаѓачот Хари Кејн. Спарс го проценува 27-годишниот играч на 150 милиони фунти, објави „Дејли меил“.

Тотенхем сè уште не сака да го продаде Кејн, но поради финансиската состојба и потребата од отплата на заемот за стадионот, позицијата на клубот може да се промени.

Се тврди дека интерес за фудбалерот пројавуваат Манчестер јунајтед и Манчестер сити, кои сакаат да купат нов напаѓач на лето.

Кејн оваа сезона постигна 13 голови и 11 асистенции на 21 натпревар во Премиер лигата.

Коронавирус