понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 80
home Фудбал

Тотенхем го победи Арсенал и ги задржа теоретските шанси за Лигата на шампионите

Тотенхем го победи Арсенал и ги задржа теоретските шанси за Лигата на шампионите

Тимот на Тотенхем го совлада Арсенал со 2:1 во денешното дерби на 35. коло од англиската Премиер лига.

Стрелци на головите за домаќините беа Сон Хунг Мин и Тоби Алдервеирлд, додека Лаказает погоди за Арсенал.

Со новите три бода избраниците на Жозе Мурињо ги задржаа барем теоретските шанси за пласман во Лигата на шампионите, додека Арсенал остана да се надева само на пласман во Лигата на Европа.

На табелата во Премиер лигата по 35 одиграни натпревари, Тотенхем е осми со 52 бода, Арсенал деветти со 50.

Коронавирус