среда, 4. август 2021. Вести денес: 55
home Фудбал

Тотенхем ги продолжи договорите на двајца играчи

Тотенхем ги продолжи договорите на двајца играчи

Тотенхем ги продолжи договорите на дефанзивецот Јан Вертонген и голманот Мишел Ворм до крајот на оваа сезона. Договорите на двајцата истекуваа на 30 јуни, но двајцата се согласија да ја довршат кампањата со тимот на Спарси.

Имаше и опција Вертонген веднаш да замине, бидејќи има сериозен интерес од италијанските клубови во Серија „А“.Сепак, Белгиецот одлучи да му помогне на Тотенхем до самиот крај на сезоната, што е многу добра вест за Жозе Мурињо.

Ворм (36) беше ослободен од Тотенхем минатото лето, но потоа лондонскиот тим го врати со договор до крајот на сезоната, поради сериозната повреда на актуелниот голман Уго Лорис.

Тотенхем, исто така, потврди дека Дани Роуз и Кајл Вокер-Петерс, кои играат на позајмица во Њукасл и Саутемптон, исто така, ќе ја завршат сезоната во нивните сегашни клубови.

Коронавирус