недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 92
home Фудбал

Тотенхем барем до утре на второто место во Премиер лигата

Тотенхем барем до утре на второто место во Премиер лигата

Тотенхем го победи Њукасл со 1:0 попладнево на отворањето на 25.коло во англиската Премиер лига. Стрелец на победничкиот гол на „Вембли“ беше Сон Хи-Мин во 83. минута.

По овој триумф и новите три бода Тотенхем се проби на 2.место во Премиер лигата со 57 бода четири помалку од лидерот Ливерпул и еден повеќе од Манчестер сити кои допрва треба да ги одиграа своите натпревари од оваа рунда.

Водено, и по 25 одиграни натпревари Тотенхем е единствениот тим без нерешен резултат, досега има биланс од 19 победи и шест порази.