среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 41
home Фудбал

Торино може да му врачи отказ на главниот тренер

Торино може да му врачи отказ на главниот тренер

На главниот тренер на Торино, Марко Џампаоло, му се заканува отказ, пренесува „Tuttosport“.

Управата сепак е подготвена да му даде уште една шанса да се докаже, но сака да види позитивни резултати.

Торино ги загуби сите 3 натпревари на почетокот на сезоната во Серија А и е на последното место во поредокот. Доколку во следните неколку кола ситуацијата на тимот не се подобри, управата ќе го разгледа прашањето за разрешување на Џампаоло.

Давиде Никола и Роберто Донадони се сметаат за кандидати за местото нов тренер на Торино.

Вечерва Торино во рамките на 5. коло од Серија А гостува кај Сасуоло. (МИА)

Коронавирус