недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Фудбал

Тите: Белгија подобро ги искористи своите шанси

Тите: Белгија подобро ги искористи своите шанси

Бразилецот селектор Тите тешко го прифати поразот ма неговиот тим од Белгија (1:2) во синоќешното четвртфинале на Светското фидбалско првенство во Русија.

Тој смета дека тоа бил одличен натпревар меѓу два технички добро подготвени тимови во кој уживал секој неутрален гледач. Според него, „црвените ѓаволи“ подобро ги искористиле своите шанси и заслужено продолжуваат понатаму.

– Долго време ја држевме топката и создадовме многу ситуации. Сепак, Белгијците беа поефикасни и подобро ги искористија своите шанси. Тие имаат многу добри играчи. Голманот Куртоа, исто така, ја направи разликата. Мислам дека тоа беше импресивен судир меѓу два тима со одлични технички вештини. И покрај сета болка што ја чувствувам токму сега, ќе кажам дека ако го сакате фудбалот, треба да го гледате овој натпревар. Ако сте неутрален гледач, може само да седнете и да кажете: „Каков натпревар!“, смета Тите.

Сепак, селекторот одби да зборува за својата иднина и рече дека ќе размисли за ова прашање во наредните недели.

– Не сакам да зборувам за мојата иднина. Сега не е вистинско време. Токму сега размислувам за овој меч. Времето ќе покаже што ќе се случи. По две недели, страстите ќе поминат и ние ќе можеме да зборуваме со трезни глави, додаде Бразилецот по мечот.

МИА

Коронавирус